25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пукање во Тетово, кога ќе ја дознаете причината нема да ви биде сеедно да присуствувате во близина на вакви настани

На 27.07.2018 година во 15,20 часот телефонски во Полициско одделение Камењане А.Р.(27) од с.Богојци-струшко пријавил дека движејќи се со патничко моторно возило “БМВ“ со австриски таблици на автопатот Тетово-Гостивар после наплатната рампа Тетово каде поминувала колона на возила при семејна веселба слушнал истрели од огнено оружје.

Потоа видел дека ветробранско стакло било оштетено од огнено оружје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово, при што пронајдено било едно зрно од испукан куршум и било подигнато и предадено за помнатамошна постапка.

Се работи на целосно расчистување на случајот.