17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страотна сообраќајка во Скопје: Лада влета во одводна бетонска шахта, има повредени

На 22.07.2018 година во 23,30 часот во Скопје на сервисната улица која ги поврзува регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со ЈП “Дрисла“, патничко моторно возило “Лада“ со скопски регистерски таблици управувано од Е.З.(27) од Скопје излетало од коловоз и удрило во одводна бетонска шахта за атмосферски води.

Од незгодата со телесни повреди се здобил возачот Е.З., а сопатникот З.Б.(23) од Скопје и со друго возило биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.