12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Природен лек за полесно дишење: Исфрлете го насобраниот шлајм од грлото и белите дробови

Доколку имате потешкотии да го исфрлите шлајмот, направете ефикасен домашен лек.

Состојки: 1 лажица корен бел слез, 1 лажица ленено семе, 1 лажица жалфија, 1 ситно сечкан лимон, 250 мл вода, 250 гр кафеав шеќер

Начин на подготовка: Ставете вода во мало тенџере, а потоа додајте кафеав шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи додајте ги останатите состојки и гответе на ниска температура околу 15 минути. Смесата потоа тргнете ја од рингла и процедете.

Земајте по лажица од сирупот три пати дневно. Користете го сирупот додека не почувствувате подобрување. Сирупот чувајте го во фиржидер.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.