15.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пратениците од турскиот парламент ќе положат свечена заклетва

Пратениците на новизбраниот турски Парламент, денеска на конститутивна седница ќе положат свечена заклетва со што ќе започне нивниот мандат.

По церемонијата, парламентарна група на владејачката Партијата за правда и развој (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе одржи состанок во Парламентот, каде пред пратениците ќе се обрати шефот на државата.

Новиот претседател на Парламентот ќе биде избран на 12 јули, а претходно на 9-ти, Ердоган ќе положи заклетва пред Парламентот, со што официјално ќе почне неговиот нов претседателски мандат.

На 24 јуни во Турција се одржаа претседателски и парламентарни избори. Со уставните измени, по овие избори во Турција се воспоставува нов систем на владеење, со кој претседателот добива широки овластувања.