Денеска наутро во северните и источните делови ќе има повремен дожд проследен со ретки грмежи.
Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално се можни поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд и со услови за појава на град.
Денеска, а особено во недела ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите за по неколку степени.
Во недела и понеделник ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи.