10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Во САД беснеат над 60 пожари

Големи пожари се шират на западот на САД, придонесувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови на Денот на независноста.

Воведена е забрана за користење огномет за да се спречи појавата на нови пожари.

Националната агенција за пожари на САД соопшти дека се забележани повеќе од 60 шумски пожари, а поголемиот дел од нив се случуваат на локации погодени од сушата во западниот дел на земјата.

Најголемиот пожар избувна на околу 250 километри југозападно од Денвер и засега е трет најголем пожар забележан во историјата на сојузната држава Колорадо. Пожарот се прошири на 381 квадратен километар.