10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ ги продолжи санкциите за Русија

Европската Унија ги продолжи санкциите за Русија за уште шест месеци, поради нејзините акции во Украина.

Во соопштението од Брисел се наведува дека одлуката е донесена едногласно.

„Асошиејтед прес“ наведува дека одлуката доаѓа две недели пред состанокот на рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп.

ЕУ воведе санкции за Русија по анексијата на Крим во 2014 година и откако Моксва ги поддржа проруските сили во источна Украина.