25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп најави санкции за европските фирми што соработуваат со Иран

САД ќе воведат санкции на европските компании што соработуваат со Иран, предупреди американскиот претседател, Доналд Трамп.

Тој во интервју за „Фокс њуз“ на прашање дали ќе воведе санкции на европските компании доколку соработуваат со Иран, одговорил со „секако“. „Тоа е тоа што го правиме, апсолутно“, рекол Трамп.

Тој ја обвини Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК) дека манипулира со светските пазари на нафта и ја предупреди да престане да го прави тоа. „Подобро ќе ѝ биде да прекине со тоа затоа што ние штитиме многу од тие земји“, додал Трамп.