17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Радувај се Македонијо: Стево Пендаровски ја соопшти радосната вест

Утре очекуваме најава за официјална неусловена покана која ќе ја добиеме на 11ти јули на самитот во Брисел за членство во НАТО алијансата – изјави денес националниот координатор на Македонија за НАТО Стево Пендаровски.

Како што Турција е неславен рекордер во чекање за влез во Европската Унија, вели ние сме неславни рекордери за влез во алијансата. Оттука со утрешната најава за покана, земјава ќе биде во завршната етапа за членство во алијансата.

„На 11 јули очекуваме официјална покана. Утре официјална најава на највисоко ниво најавено е дека во седиштето на НАТО генералниот секретар со нашиот премиер ќе го објави тоа што најголем дел од македонските граѓани го очекуваат практично со децении. Ќе бидат точно 20 години од нашата првична апликација, поточно од моментот кога станавме кандидати“, вели Стево Пендаровски – национален координатор на РМ во НАТО

Според Пендаровски, Македонија ги реши трите најважни прашања со кои сме чекор понапред до евроатланските интеграции: договорот за добрососедство со Бугарија, законот за употреба на јазиците и потпишувањето и ратификацијата на договорот за името со Грција.

Спонзорирано: