17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Полицијата снимила верверица како им го краде она што најмногу го сакаат: Ова е сериозен злочин

Полицајците на Алјаска снимиле необична кражба, а снимката која ја објавиле на Фејсбук станала хит.

Главниот актер, односно крадец, била една верверица, која успеала да украде „совршено добра крофна“, како што пишуваат на објавата полицајците од Анкориџ.

Во снимката се гледа како верверицата бега со крофната и се сокрива под полицискиот автомобил на паркинг.

– Сериозно. Украде совршено добра крофна. Од полицијата. Тоа е сериозен злочин. Исто така… непристојно е, пишува покрај снимката, која е прегледана повеќе од 300.000 пати.