17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Француските месари бараат полициска заштита поради агресивноста на веганите

Француските касапи побарале од министерот за внатрешни работи, Жерар Коломб, полициска заштита поради зачестените напади и насилство од страна на групи вегани.

„Сметаме на вашите услуги и поддршката од целата влада со цел што е можно побрзо да се спречи физичкото, вербално и морално насилство кое го трпат месарите“, се наведува во писмото испратено на 22 јуни, кое е потпишано од претседателот на француската конфедерација на месари, месарници и деликатеси, Жан-Франсоа Гијар.

Речиси 18 000 француски месари се загрижени од последиците поради прекумерната медиумска промоција на веганскиот начин на живот, додава тој во писмото, изразувајќи шок дека дел од населението сака да го наметне својот начин на живот врз мнозинството, а притоа без да ја прецизира својата идеологија.

Тој изрази жалење поради неодамнешното заплашување на касапи, како и насилството што се спроведува, како што вели, без да се кријат лицата под маски.

Веганите се спротивставуваат на потрошувачката на месо и одгледувањето добиток за храна. Нивниот начин на исхрана покрај месо, не вклучува и храна која има животинско потекло, како на пример јајца или млечни производи.