25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Датум за преговори значи огромен успех за Македонија, но и поттик за целиот регион

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во Приштина, оствари средба со косовскиот претседател, Хашим Тачи.

Како што информираат од кабинетот на Османи, на средбата биле отворени теми за напредокот во соработката меѓу двете земји, особено прекуграничната соработка, за европските перспективи на Западниот Балкан, во евроинтегративните процеси, како и очекувањата од претстојните самити на Европската Унија.

„Датум за преговори за Република Македонија, претставува пресвртна точка за нашите европски интеграции, но и важна одредница за европските перспективи на целиот Западен Балкан“, изјавил Османи, изразувајќи притоа задоволство што целиот регион забележително се движи во европски правец.

Вицепремиерот исто така додал дека затворен е исклучително комплексниот и тежок спор меѓу Македонија и Грција, што, како што рекол, претставува меѓудржавен дипломатски успех кој би требало да се наметне како начин на затворање на отворените прашања меѓу соседите во целиот регион.

Во текот на работната посета на Косово, Османи ќе оствари средба и со потпретседателот на Владата на Косово, Енвер Хоџај, каде фокус на разговорите ќе биде соработката меѓу двете влади.