12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја кочи македонската иднина

Само ВМРО-ДПМНЕ ја кочи македонската иднина и останува заглавена во матрицата на поделби и изолација, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, кој тврди дека договорот со којшто се става крај на 25 годишниот спор со Грција е во заштита на врвните национални и државни интереси и тоа го гледаат целата домашна и меѓунардона јавност и целиот демократски свет.

„Не постојат никакви дилеми – Договорот не само што не го загрозува, како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет. Никој повеќе да не го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, се обезбедени еднаш засекогаш. Со овој Договор се отвораат перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија апелира до ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи договорот и додава дека последниот збор ќе го имаат имаат граѓаните на референдум.