25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Никако не нарачувајте вода со мраз и лимон во кафулињата, еве и зошто

Ви приоѓа келнер, нарачувате кафе со млеко, но и чаша вода бидејќи сте жедни.

Она што би требало да го знаете пред да го направите тоа ова е следново:

Вода со мраз: Повеќето луѓе добиваат мраз во својата вода. Истражувањата откриле дека во калапите за мраз има повеќе бактерии отколку во водата која се наоѓа во ВЦ школките.

Вода со лимон: Некои ресторани и кафулиња во водата ќе ви стават и парче лимон, но вистината е дека тој лимон е вистинско легло на бактерии. Според едно истражување, бактерии има дури на 70 отсто од парчињата лимон во рестораните.

Чаша: Пред неколку години, „Еј-Би-Си Њуз“ спроведе истражување и по американските ресторани тестирале каде има најмногу бактерии. Меѓу 10-те површини на кои имало најмногу бактерии се нашле чашите.