12.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ: Изборите во Венецуела не ги исполнија меѓународните стандарди

Изборите во Венецуела, на кои Николас Мадуро освои нов шестгодишен претседателски мандат, не ги исполнија меѓународните стандарди, соопшти Европската Унија.

„ЕУ и нејзините земји членки го разгледуваат усвојувањето на соодветни мерки“, се наведува во соопштението на блокот, но нема прецизирано детали каков ќе биде одговорот.

Во соопштението се оценува дека претседателските и регионалните избори во Венецуела биле спроведени без национален договор за изборниот календар, како и без исполнување на меѓународните стандарди за веродостоен процес, пренесе „Ројтерс“.

Мадуро освои нов шестгодишен претседателски мандат на изборите, но неговите главни противници не ја признаваат победата тврдејќи дека изборниот процес бил придружен со многубројни нерегуларности.