10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Надзорна расправа за природното и културното наследство во Охридскиот Регион

Комисијата за култура на својата 14. седница ќе одржи надзорна расправа на тема „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство“.

Надзорната расправа ќе се одржи денеска со почеток од 11 часот во салата „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието. Комисијата за култура поканува сведоци од разни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации да учествуваат на расправата и да дадат искази и одговори на членовите на Комисијата.

На надзорната расправа се поканети да присуствуваат претседателот и потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи во Собранието и други учесници и гости.