25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Жители на населба Илинден нападнале полицајци, еден од напаѓачите завршил во болница

Двајца полицајци ноќеска биле нападнати пред сендвичара во населба Илинден од страна на двајца жители на населбата на возраст од 18 и 21 година.

Како што информираат од МВР, полицајците презеле дејствија поради нарушен јавен ред и мир, меѓутоа биле нападнати од двете момчиња.

Напаѓачите биле приведени во Полициска станица Гази Баба, но поради укажување на лекарска помош, едниот од нив, на возраст од 21 година, бил пренесен во болница.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот, за кој е известена и внатрешната контрола.