25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп и Мун разговарале по најновите реакции од Северна Кореја

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, повеќе од 20 минути телефонски разговарал со американскиот претседател, Доналд Трамп. Тие разговарале со цел да се осигураат дека самитот на САД и Северна Кореја ќе остане во план, откако Пјонгјанг се закани дека можно е да ја откаже ваквата средба.

„Мун и Трамп разменија мислења за последната реакција на Северна Кореја“, соопшти канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја без понатамошни појаснувања.

„Двајцата лидери внимателно и посветено работат за успешен самит на Северна Кореја и САД, кој е закажан за 12 јуни, како и за претстојниот самит на Јужна Кореја и САД“, се вели во соопштението.

Трамп и Мун би требало да се состанат во вторник во Вашингтон пред средбата на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, со претседателот на САД, која е закажана за 12 јуни во Сингапур.

Главниот преговарач на Северна Кореја, Ри Сон-гвон, во четвртокот изјави дека нема да преговара со Јужна Кореја, освен доколку на Пјонгјанг не му биде одговорено на барањата во врска со воените вежби на САД и Јужна Кореја. Претставникот на Северна Кореја изјави дека најпрво ќе биде многу тешко да се седне лице в лице со претставниците на јужнокорејскиот режим додека не се разреши ситуацијата која довела до прекин на преговорите на високо ниво.