25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пресуда за Заев в понеделник – за Груевски в среда

Неделава кривичниот суд во Скопје треба да ги објави пресудите за случаите „Поткуп“ и „Тенк“, во кои се обвинети актуелниот премиер Зоран Заев и експремиерот Никола Груевски.

Кога Обвинителството го преквалификува обвинението за Заев со друг став за кој е предвидена поблага казна, наместо петочлен судиски совет, одлуката треба да ја соопшти судијата Дарко Тодоровски. Заев е обвинет за ветување дека ќе прими поткуп за што е предвидена казна од 1 до 5 години, а со старото обвинение најниската казна беше 5 години.

В среда Никола Груевски ќе ја чуе првата пресуда по предметот на СЈО, „Тенк“, за набавката на „мерцедесот“. Одлуката ќе ја соопшти судијката Добрила Кацарска, која е претседател на судискиот совет. СЈО за Груевски побара казна затвор, која според кривичното дело е од 1 до 3 години. Првото рочиште беше закажано за 31 јануари годинава. Против Груевски активни се уште 4 обвиненија за кои течат постапки во кривичниот суд.