25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАСВЕТ

(Видео) Во вукланската ерупција на Хаваи уништени 26 куќи, лавата и гасовите се сериозна закана за жителите

По ерупцијата на вулканот Килауеа на Хаваи, која започна минатиот четврток, отровните гасови и лавата и натаму се сериозна закана за жителите.

https://www.youtube.com/watch?v=HK6_PfWK-_c

Лавата во неделата навечер продолжила да излегува од пукнатини во земјата, по ерупцијата која уништи најмалку 26 куќи и предизвика принудна евакуација на околу 1.700 луѓе.

„Асошиетед прес“ објави дека во текот на ноќта се формирале два нови вулкански отвора односно пукнатини низ кои излегува лава. Од почетокот на ерупцијата на најактивниот вулкан во Хаваи, се формирале вкупно 10 вакви отвори.

Во раните утрински часови во неделата, пукнатината во руралната област Пуна на Големиот остров, исфрлила лава во виснина од 70 метри.

Покрај тоа биле регистрирани и неколку помали земјотреси, по оној од 6,9 степени по Рихтер во петокот, за кој „Ројтерс“ објави дека бил најсилниот на Хаваите од 1975 година. Геолозите изјавија дека магмата во Килауеа предизвикала земјотреси кои би можеле да продолжат следните неколку месеци.

Повеќе од 1.700 жители биле принудени да се евакуираат поради оваа природна непогода.

„Немам поим кога ќе можеме да се вратиме“, изјавил еден од жителите. Тој и неговата сопруга избегале од нивниот дом по експлозија на лава во близина на имотот.

Научниците предупредија дека во земјата можат да се појават нови пукнатини, но не можат точно да предвидат во кои области. Во меѓувреме, центарот за контрола и превенција на болести (CDC) предупреди дека гасот сулфур диоксид кој се испушта од пукнатините може да биде фатално опаснен во големи количини.

Хавајската агенција за цивилна заштита предупреди дека лавата која се излева би можела да достигне температура од 1.148 степени Целзиусови. Експертите не прецизираат колку долго ќе продолжи вулканската активност.