17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Могерини: Ќе ја штитиме слободата на медиумите внатре и надвор од границите на ЕУ

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 Мај, шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, порача дека слободата на изразување и слободата на печатот се загрозени во целиот свет.

„Нападите против медиумите и новинарите се напади на демократијата и слободата на сите нас“, соопштила Могерини.

Таа истакна дека ЕУ се заснова на вредностите на демократијата, човековите права и владеењето на правото, како и на слободни и плуралистички медиуми, што е утврдено во ЕУ со повелбата за основните права.

Во билатералните контакти со трети земји, како што вели Могерини, ЕУ ќе го осудува и ќе се спротивставува на насилството над новинарите, законите или политичките притисоци што ја ограничуваат слободата на изразување, но и ќе се преземаат конкретни чекори да се одговори на таквите напади.

Спонзорирано: