17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без вода делови од Центар и Студеничани

Поради водоводен уличен дефект на цевка на улицата Костурски херои бр. 6, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од оваа улица во општина Центар од 8.30 часот до завршување на работите.

Од РЦУК известуваат и дека поради чистење и хлорирање на резервоарот кај Моране (викенд-населба), можно е да има мал прекин на водоснабдување во селото Моране, општина Студеничани, од 9 часот до завршување на чистењето.