11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Состојбата со работничките права е загрижувачка, платата не ги покрива потребите на семејството

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска упати честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

„Секој од вас, кој со труд и вистинска посветеност, чесност и макотрпна работа обезбедува егзистенција за себе и своето семејство го има моето највисоко и најдлабоко почитување. Но, во оваа прилика ќе ми дозволите да ги споменам и илјадниците кои бараат работа што исто така е подеднаков проблем и треба да биде грижа на оваа држава“, вели во совоето обраќање Мицкоски.

Додава дека унапредувањето на правата на работниците е константен процес во кој клучна улога има владата на една земја.

„Денес состојбата со работничките права во државава е загрижувачка. Има сериозни информации за непочитување на минималната плата. Недоволно платениот труд исто така преставува проблем кој ги засега работниците. Наспроти ветувањата за зголемување, просечната плата опаѓа, а најсериозно загрозени се земјоделието, рударството и транспортот. Платата не ја покрива потрошувачката кошница на едно семејство“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски смета дека лошите условите за работа, мобингот на работните места исто така преставуваат сериозен предизвик кој треба да се решаваат.

„Воедно и најавите за зголемување на границата за старосната пензија, како и дебатата за зголемување на даноците се работи кои ќе се прекршат на грбот на работниците“, констатира претседателот на опозициската партија.

Според него, алармантно е што и покрај ветувањата пред неполна година дека ќе се најде излез се уште нема решение за вработените во „Еврокомпозит“ од Прилеп и „Колска“ од Велес.

Мицкоски истот така констатира дека администрација е мета на постојани критики, притисоци и партиски реваншизам од страна на власта.

„Оваа тажна слика за работничките права мора да се промени. Работниците мора да почувствуваат сигурност и заштита. Тие заслужуваат подобро. Доаѓа ново утро за Република Македонија“, вели на крајот од своето обраќање претседатлот на ВМРО-ДПМНЕ.