10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја во мај ќе ги затвори полигоните за нуклеарни тестирања

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг – ун  предложил затворање на полигоните за нуклеарни тестирања во мај, соопштија јужнокорејските власти. Ваквата одлука следи по самитот кој се одржа во петокот меѓу Ким и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, на кој стана збор за постигнување мировен договор и денуклеаризација.
Ким кажал дека „не е тип на човек кој би испукал нуклеарно оружје кон Југот или Кон САД“, изјави синоќа портпаролот на Мун. Ким му кажал на Мун дека наското ќе повика експерти и новинари од Јужна Кореја и САД за да обезбеди транспарентност при затворањето на комплексот Пунгје ри, им изјави Јун Јонг Чан на новинарите. Севернокорејскиот лидер ги негирал тврдењата на кинеските геолози кои изјавија дека местото за нуклеарни тестирања на Северна Кореја е уништено.
Ким стана првиот севернокорејски лидер кој влегол во Јужна Кореја од крајот на борбите во Корејската војна во 1953 година. Првата средба на лидерите на двете Кореи од 2007 заврши со договор за целосна денуклеаризација, официјален крај на Корејската војна и поздравување нова ера на мир.