10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Откриен сопственикот на дрогата која беше оставена во автобус за Дортмунд

Секторот за внатрешни работи Скопје до обвинителството поднесе кривична пријава против И.Ј. (22) поради „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. По тринеделна истрага, полицијата утврдила дека тој е сопственик на пакувањата со марихуана кои неодамна беа пронајдени во автобус на редовна линија Скопје-Дортмунд.
Случајот беше откриен на 7 април околу 11.30 часот во автобус со скопски регистерски таблици кој сообраќал на редовната линија Скопје-Дортмунд, била пронајдена марихуана за која никој од патниците не се јавил како сопственик. Од страна на полициски службеници, а во координација со дежурен Јавен обвинител веднаш се преземени оперативни мерки за документирање и расчистување на кривичното дело, односно за откривање и идентификување на сторителот. Притоа, според доказите и добиените оперативни сознанија, како сторител на кривичното дело е идентификуван И.Ј. (22) од Скопје, информира полицијата.