10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Лашкоска: Поради СДСМ, граѓаните ќе враќаат 30 милиони евра повеќе

Расипништвото на криминалниот картел на власт ќе го чувствуваат идните генерации и по 30 години. Во вторникот Министерството за финансии издаде обврзница во висина од 19.5 милиони евра со период на враќање од 30 години и камата од 4.85%.

Со тоа државата ќе треба само за камата да врати 29.1 милиони евра, а вкупната сума што ќе ја врати ќе биде 48.6 милиони евра, изјави Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Земаме 19.5 милиони евра, а враќаме 48.6 милиони евра. Ова го може само криминалниот картел на чело со Зоран Заев. Ова е на директна штета на граѓаните и државата. 29.1 милион евра наместо во изградба на нови училишта, градинки, болници, канализациони мрежи и други инфраструктурни објекти, државата ќе ги плаќа за камати.Инвестиции нема. Нивото на реализација на капитални инвестиции во првите 3 месеци од 2018 година е 7.4%. Ако немаме инвестиции и вложување, каде се трошат милионите за кои нè задолжи оваа криминогена власт?“ рече Лашкоска.

Таа побара одговори од владата на премиерот Зоран Заев каде завршиле милионите за кои секојдневно ја задолжувале државата.

„Овој криминален картел ја турка државата кон презадолженост, не водејќи сметка за идните генерации. Не само што се задолжуваат без основа и непотребно, туку и ја кријат вистината околу големината на државниот и јавен долг. Овој криминален картел се обиде да сокрие дека државниот долг поради нивното недомаќинско работење надминал 4 милијарди евра, додека јавниот долг рапидно се приближува кон 5 милијарди евра“, нагласи Лашкоска.

Според Лашкоска, СДСМ додека бил опозиција ветувал транспарентност при задолжувањето, а сега од позиција на власт, како што вели таа, не само што не кажува за што секојдневно се задолжува, туку и ја крие висината на долгот од граѓаните.