21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Делата зборуваат за реформите на новата влада

ВМРО-ДПМНЕ единаесет години вршеше финансиска тортура врз бизнисот и ги задолжуваше граѓаните на Република Македонија, па имајќи ја предвид оваа фактичка состојба во која ја доведоа економијата, изгледа крајно несериозно и нерелевантно што токму опозицијата зборува за задолжување, реагираат денеска од владејачкиот СДСМ.

„Нерационалното трошење е конкретна одлика на расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, партија која успеа тројно да ја задолжи државата за време на нејзиното криминално владеење и пустошење. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, новата влада предводена од СДСМ успеа за само 10 месеци да креира нова клима на полето на економијата, притоа крајно транспарентно известувајќи ги граѓаните за сите релевантни активности кои ги презема новата влада“, стои во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека Министерството за финансии со јасно и концизно образложение информирало за новата 30-годишна обврзница, која, како што велат, претставува соодветен успех бидејќи е обврзница која сигнализира доверба поради зголемената рочност.

„Македонија покрај Словенија е единствената земја во регионот која издала 30-годишна обврзница. Делата зборуваат за реформите на новата влада. Реформи кои ја враќаат довербата на граѓаните во институциите бидејќи граѓаните за првпат по цели 11 години имаат увид во работењето на Владата“, наведуваат од СДСМ.

Додаваат дека за разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, новата влада предводена од СДСМ конечно ја враќа економијата на вистинска патека.