16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Мигрантите кои доаѓаат во Нов Зеланд ќе може да одберат проституција како професионална квалификација

Мигрантите кои сакаат да живеат во Нов Зеланд сега можат како работна вештина во својата апликација за виза да ја наведат и проституцијата, пишуваат светските медиуми.

Мигрантите кои сакаат да дојдат во Нов Зеланд можат да добијат поени за квалификација како работници во сексуалната индустрија. Проституцијата е на листата на стандардната квалификација на професии во Австралија и Нов Зеланд (ANZSCO) и е опишана како „друштвена придружба“.

Со цел да ги исполнат критериумите на висококвалификувани сексуални работници, потенцијалните имигранти мора да имаат вештини од петто ниво според листата на ANZSCO и да имаат завршено средно образование. Тие исто така мора да имаат најмалку три години работно искуство, а платите на новите работни места мора да им бидат поголеми од 25,87 американски или 36,44 новозеландски долари на час.

Законот со кој се декриминализираше работата во сексуалната индустрија во Нов Зеланд беше изгласан во парламентот во 2003 година. Проституцијата стана легална професија со цел да се заштитат човековите права на сексуалните работници и да се спречи нивната експлоатација. Нов Зеланд денес е познат како држава која обезбедува најдобри услови за работа во областа на проституцијата.

Спонзорирано: