Бројот мигранти кои пристигнуваат на грчките острови е за зголемен за четири пати. Министерот за миграциска политика Димитрис Вицас во Атина изјави дека на Лезбос, каде што е најголемиот камп за мигранти, лани во просек дневно пристигнувале по 54 мигранти.
Но сега, бројката е зголемена за над 200. Од почетокот на годината преку море во Грција влегле над 7 илјади бегалци и мигранти.