12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Зоран Заев сподели прекрасна вест за Македонија

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, изјави дека е составена неформална група наречена „Охрид“, која ќе помогне во интегрирањето на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Како што информира премиерот, групата е составена од професионалци со успешно политичко минато, меѓу кои е и лорд Џорџ Робертсон, како и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, Карл Билд, поранешен премиер на Шведска, Дејмон Вилсон, заменик-претседател на Атлантскиот совет на САД, и Зоран Чичак, советник за надворешни работи.

Оваа неформална група ќе претставува поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО сè со цел државата да стане важен фактор за стабилност во регионот.

– Република Македонија и НАТО се блиски пријатели веќе 20 години. Нашата земја се адаптира на потребите на НАТО и борбата против тероризмот. Од заробена држава, Македонија стана демократска земја и потврда за ова е позитивниот извештај од Европската Унија – рече Заев.

Тој додаде дека НАТО го врати фокусот кон Балканот и ги отвори вратите за нови членки во алијансата.