17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерство за транспорт: Не викнавме трубачи на автопатот Демир Капија-Смоквица

Министерството за транспорт и врски денеска преку соопштение категорично се оградува од секаква активност и вклученост поврзана со информациите дека вчера за време на свеченото отворање на автопатот Демир Капија-Смоквица била организирана музичка забава.

„Сакаме да Ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава“, се наведува во краткото соопштение.

Колку за потсетување, вчера на социјалните мрежи и во дел од порталите се појави видео на кое може да се види дека плех-музика влезе во еден од тунелите и заедно со дел од присутните со чочек го минуваа тунелот.

Сепак, во денешното соопштение, Министерството за транспорт и врски се оградува од организацијата на ваквата веселба и оттаму истакнуваат дека се одговорна и транспрантна институција, чија единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежности.

Автопатот Демир Капија-Смоквица кој се градеше 6 години вчера беше пуштен со свеченост на која присуствуваа многубројни гости и претсавници на владата. Во врска со изградбата на овој автопат истрага отвори Специјалното јавно обвинителство.