11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ерменскиот премиер поднесе оставка поради протестите

Премиерот на Ерменија, Серж Саркисијан, поднесе оставка.

„Се обраќам за последен пат како шеф на владата. Водачот на протестите, Никол Пашијан, беше во право. Постојат неколку решенија за ситуацијата, но нема да прибегнам кон ниту едно од нив. Ја напуштам функцијата“, се наведува во оставката на Саркисијан.

Тој упати апел до сите граѓни, учесниците на протестите, војниците и сонародниците.

„Луѓето на улиците се против тоа да останам на премиерската позиција. Го исполнувам вашето барање. Нека има мир, хармонија и логика во нашата земја“, додаде тој.

Протестите против изборот на Саркисијан почнаа на 13 април бидејќи беше избран за премиер откако му заврши максималниот рок од два мандата како шеф на државата.