12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Неверување кај естрадата: Се простуваат со младиот музичар, имаше само 28 години

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговото уметничко име Авичи, почина денеска на возраст од 28 години.

Како што кусо соопшти неговиот претставник, Авичи бил пронајден мртов во главниот град на Оман, Мускат.

– Со огромна тага соопштуваме за заминувањето на Тим Берглинг, попознат како Авичи. Семејството е во шок и ве молиме да ја почитувате нивната приватност. Нема да издаваме повеќе соопштенија во овој тежок момент, истакна неговиот портпарол

Естрадата се простува од него со шок и неверување и голема тага.