17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел и Курц: Конфликтот во Сирија не може да се реши со војна

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, и канцеларката на германската влада, Ангела Меркел, се согласни дека конфликтот во Сирија не може да се реши по пат на војна.

Двајцата разговарале телефонски, при што Курц истакнал дека мора да направат сѐ што можат за да спречат понатамошна ескалација во Сирија. Според него, сега е време да се поттикне дипломатски мировен процес.

Двајцата ја споменале можноста за мерки за воспоставување доверба и дипломатска иницијатива за мирољубиво решение на конфликтите во Сирија.