12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германската полиција е на нозе: Се апси на големо

Германската сојузна полиција со 1.500 полицајци извршила рација поради трговија со луѓе и принудна проституција.

Во земјата биле пребарани 63 бордели и станови, а од 17 осомничени Германци и Тајланѓани, уапсени се седум. Рацијата почнала рано утрово, а меѓу жртвите, како што пренесуваат медиумите, се и мажи, таканаречени лејдибојс, кои со помош на фалсификувани шенгенски визи биле донесени во Германија од Тајланд.

Според информациите, мажите, за чија возраст засега не се знае ништо, биле ротирани по јавни куќи во дванаесет германски покраини. Целата заработка биле принудувани да ја даваат на шефовите на организираната криминална група за да може на шверцерите да им отплатат надомест меѓу 16.000 и 30.000 евра.

На тој начин осомничените заработиле милионски суми. Истрагата траела цела година. Центарот на случувањата бил во најголемата германска покраина Северна Рајна-Вестфалија. Во акцијата учествувале и припадници на специјалната единица ГСГ9.