12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Предмалку страшна сообраќајка на патот Штип-Велес, еден загинат

Во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Велес, што се случила околу 14 часот, загина едно лице.

Според информациите, несреќата се случила помеѓу автобус со велешки регистарски таблички и автомобил марка „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци.

Во несреќата животот го загубил возачот на „шкодата“, чиј идентитет не е утврден.

Сообраќајот на патниот правец Велес-Штип од 14:15 часот е во целосен прекин и дека сообраќајот од Штип се пренасочува преку Куманово, информира АМСМ.