12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Досега ова не се случило: Украден авион од аеродромот – полицијата ги бара крадците

Несекојдневна кражба се случила на спортскиот аеродром во германски Полхајм во покраината Хесен.

Во периодот помеѓу 20 часот во вторникот и 18.30 часот во средата од еден хангар исчезнал авион Dynamic WT9.

Истражните органи се во дилема дали крадците го однеле авионот по пат или полетале со него.

Иако евентуално сместување на леталото во шлепер барало доста труд поради нужното расклопување на крилата, крадците, сепак, имале доволно време тоа да го направат.

Полицијата ги моли сведоците да помогнат во пронаоѓање на леталото вредно 150.000 евра. Авионот е со бела боја со сини ленти, носи регистерска ознака D-MEFU.