12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дефект на улицата Васил Главинов, предизвика излевање на вода на тротоарот

Дефект на топловодната мрежа предизвика излевање на топла вода на тротоарот и дел од коловозот на улицата Васил Главинов, број 3. Од БЕГ информираат дека заради санација на дефектот беше направен ископ кој опфати дел од тротоарот.

Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи се на терен и забрзано работат на санација на дефектот. Според проценката, санацијата на дефектот ќе се изврши во најкраток рок по што нормална испорака на топлинска енергија, согласно режимот на испорака, ќе добијат следниве објекти: улицата Максим Горки, бр. 14, бр. 8А, булеварот Партизански одреди, бр. 5, бр. 7, бр. 9, улицата 27 Март, бр. 10, бр. 14, улицата Орце Николов, бр. 0007, бр. 29, улицата Наум Наумовски Борче, бр. 0008, како и улицата Васил Главинов, бр. 3.

Според БЕГ, топлиноносителот кој се излеа на улицата е деминерализирана вода без хемиски додатоци.