10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јанушев: Партискиот суд надвор од сите процедури ги врати обвинетите во притвор

Партискиот суд и партиското обвинителство на СДСМ нехумано, надвор од сите правни стандарди и процедури во раните утрински часови, спротивно од одлуката на Врховниот суд донесе одлука за повторно приведување на дел од обвинетите лица за настаните од 27 април, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Правосудните органи под притисок на власта си поигруваат со човечките судбини. Апсењето на лицата кои се веќе ослободени од притвор како да станува збор за најголеми криминалци, а не за луѓе кои целиот свој живот го посветиле на Република Македонија, е одраз на политички гнев и класичен политички прогон. Кој го нарача и кому му беше потребно ваквото малтретирање? Зошто некој сакаше семејствата повторно да ги проживуваат истите трауми? Што се смени во однос на околностите поради кои беше преиначен притворот?“ праша Јанушев.

Според него, судот постапува со двојни аршини и притворот како мерка се користи како казна само со цел да се дисциплинираат политичките противници.