17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Истражување во Норвешка: Жените се поефикасни војници од мажите

Неодамнешно истржување во Норвешка покажа дека женските војници подобро ги поднесуваат тешките вежби отколку нивните машки колеги.

Резултатите од истражувањето покажале дека жените поефикасно губат масти во текот на активностите, што може да биде предност во текот на долготрајните вежби и воени операции. Исто така било утврдено дека жените заздравуваат побрзо.

Истражувањето опфатило 23 мажи и 12 жени, припадници на специјалните вооружени сили на Норвешка. Тие биле подложени на физички напори во тестирање кое траело една недела, по што се покажало дека мажите загубиле 2,7 килограми мускулна маса, додека жените загубиле само масти.

Сепак, студијата не импресионирала некои скептици. Полковникот Харалд Хоибак, кој претходно имал изјавено дека жените во вооружените сили ја ослабуваат борбената способност на Норвешка, ги отфрли резултатите од истражувањето.

„Колку е важно побрзото закрепнување на жените ако се знае дека тие во основа имаат значително помали физички способности и капацитети?“ прашал тој.

Бројот на жени во норвешката армија постојано се зголемува од воведувањето на задолжителната служба за жените во 2015 година.