10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Адеми-Бартол: Дијаспората може да одигра значајна улога за интеграциите

Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми, задолжен за дијаспора, денеска оствари средба со Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија.

На средбата, министерот Адеми го информираше својот соговорник за активностите околу Националната стратегија за соработка со дијаспората и Акцискиот план коишто наскоро треба да бидат усвоени и од страна на Владата и институционално имплементирани во наредните години.

Се истакна дека во овој значаен период во Република Македонија, дијаспората може да претставува инклузивен сегмент и да одигра позитивнa улога во евроатланските интеграции на Македонија.

Горазд Бартол истакна дека напорите на целата Влада и на сите министри се значајни за подготовка на земјата за пристапувањето во НАТО. Бартол притоа ја истакна значајната работа на Министерот Адеми кого го смета за силен подржувач за членство во НАТО на Република Македонија. Меѓу другото стана збор и за други актуелни политички прашања во нашата земја, регионот и пошироко.