30.8 C
Скопје
17. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина полицаецот кој се замени со заложник во Франција

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон изјави дека францускиот полицаец кој го замени заложникот за време на нападот, починал од здобиените повреди.

„Почина за својата земја. Франција нема да ги заборави неговата храброст и жртва“, напиша Коломб на „Твитер“, наведувајќи го името за храбриот полицаец, Арно Белтрам.

Вчера француските медиуми објавија дека полицискиот службеник Арно Белтрам се понудил себе си во замена за жена, која била една до заложниците во супермаркетот во Трибе, на југот од Франција, каде напаѓачот држеше во заложништво дваесетина лица.

Во нападот загинаа четири лица, а одговорност презеде Исламска држава.