12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На Унгарија не ѝ се брза за влез во еврозоната

Унгарскиот министер за економија Михај Варга, изјави дека неговата земја не брза да го прифати еврото и ќе започне да ја користи единствената валута, тогаш кога економијата на Унгарија ќе ги достигне средните индикатори на еврозоната, пренесе „Ројтерс“.

„Како Чесите и Полјаците, така и ние нема да влегуваме во чекалната за еврото. Ова е добра позиција, и од нас ќе зависи кога ќе го направиме следниот чекор“, изјави Варга.

Според него, Унгарија мора да ги почека дебатите за продлабочување на интеграцијата на членовите на еврозоната. Унгарската централна банка, исто така, додаде дека земјата нема да го прифати еврото, додека нејзината економија не зајакне.