25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија плаче: Во страшна сообраќајка во Скопје згасна млад живот

На 23.03.2018 година 14.15 часот на автопатот кај клучка Стајковци, патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (22) од Скопје, изгубило контрола и удрило во метална ограда и бетонски ѕид.

Од здобиените повреди, возачот Б.А. починал на местото на настанот.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Скопје, а со телесни повреди се здобила Х.А. (49) од Скопје.

По укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охродски“, Х.А. била пуштена на домашно лекување, додека14-годишното девојче било однесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде била задржана на понатамошно лекувањe.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

За време на увидот од 14.50 до 18.00 часот сообраќајот бил пренасочуван.