12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Перу запленет над еден тон кокаин шверцуван од бандата „нинџи“

Перуанската полиција запленила 1,5 тони кокаин што требало да биде испорачан кон Европа во камион кој пренесувал контејнери, објавија властите. Дрогата била пронајдена во камионот на пристаништето Калјао во близина на Лима.

Во полициската операција биле приведени седум члена на бандата „нинџи“ кои ја внесувале дрогата во контејнерите.

„Мислевме дека се работи за мито, но таа банда навистина постои, станува збор за млади луѓе кои се многу брзи и подвижни, облечени во црно и се движат од еден контејнер до друг и ја поставуваат дрогата“, рече генералниот директор на полицијата, Ричард Зубијат.

Дрогата потекнува од најголемата област за производство на кокаин во земјата, односно долината на реките Апуримак, Ене и Мантаро, каде што оперираат голем број герилци кои соработуваат со дилерите на дрога.

Инаку, Перу е еден од најголемите производители на кокаин во светот, со околу 400 тони произведени секоја година.