12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Најново метео предупредување: Еве кога снегот доаѓа низ цела Македонија

Денеска ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер особено на југозападот.

Во среда повторно ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на запад и потоа ќе се прошират кон север, а врнежите ќе се од снег понекаде во овие подрачја и на 1500 метри.

Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток при тоа ќе поминуваат од врнежи од дожд во врнежи од снег.

Во четврток од ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот врнежите ќе се од дожд.

Врнежи со помал интензитет се очекуваат и во петок кога ќе е најстудено и тие ќе се претежно од слаб снег.