12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски повторно бара работни групи за законот за јазиците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно побара формирање работни групи за законот за јазиците и апелира до Владата да го повлече.

Апелирам да го повлечат овој закон бидејќи сè уште нема потпис од страна на претседателот на државата, што, според нас, значи дека сè уште не е применлив, односно не може да се смета дека е усвоен, затоа, да го повлечат, да го вратат на доработка, да формираме работни групи, тие работни групи да може да се посветат целосно на овој закон, на неговиот квалитет, да го направат уставен, а понатаму во една нормална редовна парламентарна процедура да донесеме законско решение кое навистина ќе биде од корист на сите граѓани во Република Македонија“, рече Мицкоски при денешната посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш.

Тој повтори дека законот е донесен со прекршување на Деловникот во Собранието и дека тој е антиуставен и неприменлив.