12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кремељ: Русија нема никаква врска со труењето на Скрипаља

Москва нема никаква врска со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаља и неговата ќерка, со нервен гас во Британија, изјави портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков, кој порача дека Русија не прифаќа јазик на ултиматум.

„Ставот на Москва е добро познат, Лондон за тоа е известен преку дипломатски канали – Москва нема никакви врски со случувањата на Велика Британија“ изјави пред новинарите Песков.

Песков нагласи дека се надева оти ќе надвладее здрав разум и дека други држави ќе се замислат за тоа. дали постојат докази или не и колку можат да бидат основани било какви обвинувања на сметка на Русија.

Руската амбасада во Лондон упати барање за официјално објаснување од британскиот Форин офис во врска со заканата со сајбер нападот, за што се слушна во британскиот парламент и диумите, предупредувајќи на последиците кои би ги предизвикал таков евентуален напад.

„Русија со сериозност гледа на крешењето на сајбер безбедноста. Не само што Русија неосновано и провокативно ја обвинуваат за инцидент во Солсбери, туку ѝ се закануваат со сајбер напад за кој веќе се развиваат планови“ се наведува во соопштението на руската амбасада, пренесе ТАС.

Одлуката, како што се додава во соопштението, судејќи по изјавата на премиерката Тереза Меј, би можела да биде донесена веќе утре на заседанието на Советот за национална безбедност.

Весникот „Тајмс“, претходно, повикувајќи се на извор од британската влада, објави дела Лондон разгледува можност за изведување на таен сајбер напад на Русија, како одговор на пруењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипаља и неговата ќерка.

Претходно денеска, Русија упати силен протест до британската амбасадорка во Москва, Лори Бристоу, сметајќи ги за неосновани обвинувањата на Лондон дека Русија е вмешана во труењето на Скрипаља.