17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп го услови Ким: Ако има нуклеарни проби, нема состанок

Американскиот претседател Доналд Трамп му поставил услов на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, дека ако продолжат нуклеарните или ракетните тестирања, тогаш нема состанок, изјави министерот за финансии на САД, Стив Мнучин.

Неговата изјава следи како одговор на изјавата на секретарката за медиуми во Белата куќа, Сара Сандерс, која во петокот рекла дека состанок нема да има, доколку Северна Кореја не покаже конкретни чекори.

„Претседателот стави јасно до знаење дека услов за состанок е да нема никакви нуклеарни проби ниту било какви ракети“ рекол Мнучин.

Ким минатата недела го повика Трамп на состанок, а шефот на Белата куќа на Твитер објави дека повикот со задоволство е прифатен, што претставува пресвртница без преседан во односите на двете земји.