8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров во понеделник ќе ги јакне односите со Полска

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во понеделник ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович, кој ќе престојува во Македонија.

На средбата, министерот Димитров ќе информира за активностите поврзани со домашната реформска агенда и развојот на добрососедските односи во контекст на очекуваните позитивни придвижувања на патот кон целосно интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Се очекува на средбата двајцата министри да разменат мислења и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката.

Во рамките на посетата, министрите Димитров и Чапутович ќе ја отворат седмата средба на полско–македонската соработка во евроинтегративниот процес, „Скопска конференција“, на државни службеници од Република Македонија и Република Полска, а предвидено е и да ги поздрават учесниците на тркалезната маса посветена на „Улогата на истражувачките организации (Think-Tank) во дебатата за европска интеграција”.

Тие ќе положат цвеќе пред споменикот на депортираните Евреите од Македонија во рамките на Комеморативниот настан што се организира по повод 75. годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија, велат од МНР.

Спонзорирано: